Запознај ги нашите инсекти и риби

Откријте разновиден животински свет исполнет со уникатни видови од различни делови на планетата. Секое животно има своја приказна, карактер и улога во природата.

инсекти и риби

Рибите и инсектите на природата

Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните ‘рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените ‘рбетници еволуирале од рибите.

Инсектите (научно: класа Insecta, од лат. insectum, позајмено од грч. entomon – “рассечи на делови”) се група на членконоги кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества. Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони, и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата.

Кои крап

(Cyprinus caprio)

Class: Actinopterygii
Order: Cypriniformes
Fam: Cyprinidae
Genus: Cyprinus
Должина: 25 до 36 цм
Тежина: до 20 кг
Распространестост: Европа автохтон, денес го има насекаде низ светот
Живеалиште: Течни бавни и стоечки води, прилагоден на сите видови води
Исхрана: ОМНИВОРИ – сештојади, без’рбетници по дното водите
Статус: вообичаен

Мексиканска тарантула

(Brachypelma boehmei)

Class: Arthropoda
Order: Araneae
Fam: Theraposidae
Genus: Brachypelma
Должина: 14 – 17 цм
Размножување: овивопарно
Распространестост: Мексико
Живеалиште: пустини, полупустини и суви чуми
Исхрана: инсекти, жаби, глувци
Статус: вообичаен