Запознај ги нашите цицачи

Откријте разновиден животински свет исполнет со уникатни видови од различни делови на планетата. Секое животно има своја приказна, карактер и улога во природата.

Цицачи

Големите и малите цицачи

Цицачите (Mammalia) се животни кои ги хранат своите млади со млеко. Најчесто имаат влакна или крзно и специјализирани заби за обработка на храната. Тие поседуваат високоразвиен нервен систем и се познати по својата интелигенција. Во оваа група спаѓаат мачки, кучиња, слонови, китови и луѓето.

Волкот е социјано животно. Живее во семејства или чопори каде доминираат алфа мажјак и алфа женка. За да го објават своето присуство и за да јаозначат и бранат својата територија, волците вијат. Виењето може понекогаш да се слушне и на одадалеченост на 10 километри. Волкот или Европскиот волк го има кај нас.

Волк

(Canis lupus)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Canidae
Genus: Canis
Должина: 100 – 150 цм
Опаш: 30 – 60 цм
Тежина: 15 – 65 кг
Распространестост: С.Америка, Европа и Азија
Живеалиште: Планини и шуми
Исхрана: месојад
Статус: вообичаен

Мечките се движат полека со сите пет прсти и петицата (плантиградно движење) но во случај на потреба можат да се движат многу брзо. Зимата ја поминуваат во мирување, кога се повлекуваат во живеалиштата (дувла) и паѓаат во состојба на лажен зимски сон – хибернација. Во јужните подрачја некои мечки можат да останат активни и во текот на зимата. Само две од осум видови мечки не се загрозени. Главна закана за мечките се ловот и сечењето на шумите. Во република македонија мечките се заштитени со закон.

Кафеава Мечка

(Canis lupus)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Ursidae
Genus: Ursus
Должина: 116 – 250 цм
Опаш: 5 – 20 цм
Тежина: 120 – 1000 кг
Распространестост: С.Америка, Европа и Азија

Живеалиште: Шуми, планини и ливади
Исхрана: сештојад
Статус: чувствителе

Живеат во колонии од околу 30 единки. На чело на колонијата е алфа пар кој единствен дава потомство . Живеат во дупки поврзани со тунели кои самите ги копаат. Околу очите имаат црни флеки, а опашката ја користат за рамнотежа кога стојат исправени. Бидејќи се делумно отпорни на отровот од змии и шкорпии лесно тргнуваат во лов на истите.

Меркат

(Suricata suricatta)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Herpestiade
Genus: Suricata
Должина: 25 – 35 цм
Опаш: 17 – 25 цм
Тежина: 600 – 975 г
Распространестост: Ј.Америка
Живеалиште: Полупустини и савани
Исхрана: сештојад
Статус: вообичаен

Познат е како Пизот или Антун. Едно од најкарактеристичните обележја на овој вид е долгата зашилена муцка. Пределот околу носот е бел со бели дамки околу очите и образите по што и го добил своето име. Живеат во заедници. Активни се во текот на денот а ноќта ја поминуваат качени на дрвјата. Претежно се на земја но добро се снаоѓаат и на дрвја.

Белонос коати

(Nasua narica)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Procyonidae
Genus: Nasua
Должина: 80 – 130 цм
Опаш: 32 – 70 цм
Тежина: 3– 5 кг
Распространестост: Колумбија, Еквадор, Мексико
Живеалиште: Шуми и пустини
Исхрана: сештојад
Статус: вообичаен

Калифорнискиот морски лав е месојадно животно кој ги населува крајбрежните делови на Северна Америка и ретко се одалечува повеќе од 15 км од обалата. Најчесто ги населува пристаништата и длабоките заливи во карпестата обала поради барањето храна и заштита од грабливците. Мажјакот е со темно смеѓа боја на кожата а зенката и младите имаат бронзена боја. Мажјакот покрај големината се разликува од женката и по шилестиот израсток на главата. Се хранат со харинга која ја има во плитките води а а за да стигнат до сардината мора да заронат на длабочина и до 75 м.

Калифорниски морски лав

(Zalophus californianus)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Otaridae
Genus: Zalophus
Должина: 220 – 240 цм
Тежина: 270 – 390 кг
Распространестост: С. Америка и Галапагос
Живеалиште: Морска вода
Исхрана: месојад, риби и морски плодови
Статус: чувствителен

Поради раскошната грива често го нарекуваат цар на животните. Создава цврсто поврзани трајни чопори сочинети од еден или повеќе возрасни мажјаци, неколку женки и нивните млади. Ловат во групи каде главна улога имаат лавиците. Азискиот лав е помал од африканскиот, има кожен набор на средината од стомакот и мажјаците се со помала грива.

Лав

(Panthera leo)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Felidae
Genus: Panthera

Должина: 170 – 250 цм
Опаш: 90 – 110 цм
Тежина: 159 – 250 кг
Распространестост: Африка Азија ( шума Гир )

Живеалиште: Савани и полупустини
Исхрана: месојад
Статус: чувствителен

Овој подвид на тигар е најголемата мачка на светот познат уште и како Амурски. Манџуриски или Усуриски тигар . Лови ноќе и може одеднаш да изеде и до 40 кг месо, а по 5-6 дена се враќа да го дојаде пленот . Мажјаците живеат и ловат сами додека женките живеат со младите до две ипол години возраст и потоа повторно се парат.
Најголема закана за опстанокот на овој подвид тигри е криволовот и сечењето на шумите. Најчесто ги убиваат поради крзното и заради потребите на традиционалната кинеска медицина. Во дивината има останато 300 до 370 единки од овој подвид тигар.
Просечен животен век 16 до 18 години.

Сибирски Тигар

(Panthera tigris – lataica)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Felidae
Genus: Panthera

Должина: 130 – 280 цм
Опаш: 60 – 110 цм
Тежина: 100 – 300 кг
Распространестост: Северо-Источнаст Кина , И. Русија и Ј. Кореа
Живеалиште: Шуми и планини
Исхрана: месојад
Статус: загрозен

Јагуарот наликува на леопардот но се разликуваат по шарата на крзното и мускулестото тело. Крзното е со црни дамки групирани во розета во чија средина за разлика од леопардот има центална дамка. Јагуарот е многу добар пливач и вешто се качува по дрвјата каде најчесто лови. Со јаките вилици може да отвори оклоп од желка. Најголема опасност за опстанокот на овој вид на мачки е изловувањето и сечењето на шумите.

Јагуар

(Panthera onca)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Felidae
Genus: Panthera

Должина: 110 – 190 цм
Опаш: 45 – 75 цм
Тежина: 36 – 160 кг
Распространестост: Средна и Јужна Америка

Живеалиште: Тропски шуми и савани
Исхрана: месојад
Статус: речиси загрозен

Леопардот живее солитарно, со исклучук во периодот на парењето. Во однос на својата големина многу се силни и се во состојба својот плен да го однесат односно качат на дрвјата каде го јадат. Телото е покриено со мали црни дамки распоредени во розета. Кај леопардот се јавува меланизам (генетска промена) при што се појавува голема количина на црн пигмент меланин кој се наоѓа во кожата. Црните леопарди се познати како црни пантери и кај нив шарите на крзното се многу слабо видливи. Постојат 8 подвидови на леопард.

Леопард

(Panthera pardus)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Felidae
Genus: Panthera

Должина: 90 – 190 цм
Опаш: 60 – 110 цм
Тежина: 37 – 90 кг
Распространестост: Азија и Африка
Живеалиште: Тропски шуми и полупустини
Исхрана: месојад
Статус: речиси загрозен

Рисот е најголема европска мачка. Живее сам освен во периодот на парење. Рисот е претежно активен ноќе и има одлично развиено сетило за мирис и слух. Има кратко тело, влакненца на врвовите на ушите по што и се карактеризира и влакна на образите. Крзното може да биде обоено на три начини со линии претежно точкасто и еднобојно. Најголема закана за опстанокот на рисот е ловот на одредени видови кози срни е елни кои се главен дел од неговата исхрана. Во Македонија рисот е заштитен со закон за ловство и и трајно забранет.

Евроазиски Рис

(Lynx)

Class: Mamalia
Order: Carnivora
Fam: Felidae
Genus: Lynx
Должина: 80 – 130 цм
Опаш: 11 – 25 цм
Тежина: 12 – 38 кг
Распространестост: Европа и Азија
Живеалиште: Планини и шуми
Исхрана: месојад
Статус: вообичаен

Гибоните имаат најдолги раце во однос на големината на телото од сите примати. Начинот на кој се движи при што со рацете се виси и се ниша меѓу гранките се нарекува брахијација. Палецот на задните екстремитети е спротивно завртен од останатите прсти на стапалото поради што гибонот може да оди исправен по гранките. Наутро се огласуваат со спектакуларно пеење. Опстанокот на белоракиот фибон најмногу го загрозуваат сечењето на дождовните шуми и ловот.

Белорак Гибон

(Hylobates lar)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Hylobatidae
Genus: Hylobates
Должина: 42 – 59 цм
Тежина: 4.5 – 7.5 кг
Распространестост: Јужна и Источна Азија
Живеалиште: тропски шуми и планини
Исхрана: плодови, инсекти, лисја
Статус: загрозен

Карактеристични се по нивниот црно-бел опаш кој го употребуваат за визуелни и мирисни сигнали. Живее во групи од 5 – 25 единки. Предводник на групата е доминантната женка. Имаат бело лице со темен нос и темни триаголни флеки околу очите, а стомакот им е со бело-сива боја. Седат исправени, со предните екстремитети на колената.Како и голем број на лемури од Мадагаскар, и овој лемур е загрозен заради губењето на живеалшта, со сечењето на шумите.

Прстенесто - опашест лемур

(Lemur catta)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Lemuridae
Genus: Lemur
Должина: 39 – 46 цм
Опаш: 56 – 62 цм
Тежина: 2.5 – 3.5 кг
Распространестост: Мадагаскар
Живеалиште: тропски шуми
Исхрана: растителна
Статус: ранлив (VU)

Овој мајмун уште се нарекува и црвенокап мангаби поради црвената боја на влакната од главата. Бојата на лицето им е розево-сива и имаат јамички под образите. Живеат во групи и до 90 единки заедно мажјаци женки и млади но хиерархијата ја воспоставуваат мажјаците но за разлика од другите мајмуни од одвој род и подредените мажјаци може да се парат. Се движат по површината на земјата, се хранат преку ден најчесто со оревовидни плодови кои лесно ги кршат со јаките вилици и острите заби .

Мангаби

(Cerocebus torquatus)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Cercopithecidae
Genus: Cercocebus
Должина: 50 – 60 цм
Опаш: 60 – 75 цм
Тежина: 10 кг
Распространестост: З. Африка
Живеалиште: тропски шуми
Исхрана: овошје, семки, трева, инсекти, млади листови
Статус: загрозен

Се карактеризира по своето издолжено тело, долги предни и задни екстремитети, кратки прсти бели мустаќи и брада на темното лице. Кога трча е еден од најбрзите мајмуни на светот. Бојата на крзното по грбот е кафеавкаста а екстремитетите и долниот дел од телото се бели. Живеат во групи од дестина индивидуи со еден мажјак и неколку женки со младите. Мажјакот секогаш се движи на крајот од групата и претставува мамец на грабливците за да можат останатите членови на групата да се скријат.

Патас

(Erythrocebyus patas)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Cercopithecidae
Genus: Erythrocebus
Должина: 60 – 88 цм
Опаш: 43 – 72 цм
Тежина: 10 – 13 кг
Распространестост: Африка
Живеалиште: тропски шуми
Исхрана: овошје, семки, трева, инсекти, млади листови
Статус: нискоризичен

Сиаманг спаѓа во групата на човеколики мајмуни и е најкрупен мајмун од фамилијата Гибони . Карактеристичен е по тоа што два прста на секоја дланка се споени меѓу себе , гласното врескање и јаките фамилјарни врски . Женката е доминатна а мажјакот (кој е покрупен) и младите (најчесто 1-2) секогаш се во нејзина близина. Територијата на распространување на една фамилија изнесува до 50 хектари и секогаш ја бранат со помош на гласното врескање . Еластичната темносива кожа на грлото може да се надуе (до големина на цитрон) и служи како резонатор за појачување на гласот.

Сиајманг

(Symphalangus syndactylus)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Hylobatidae
Genus: Simphalangus
Должина: 90 цм
Тежина: 10 – 15 кг
Распространестост: Југо-Источна Азија
Живеалиште: шуми и планини
Исхрана: овошје, листови, инсекти
Статус: нискоризичен

Џуџестиот мармазет е најмал мајмун на светот и склопчен може да застане на човечка дланка. Џуџестите мармазети живеат во групи од 5 – 10 индивидуи а се размножува само еден пар . За младите се грижи таткото на почетокот а покасно помагаат сите членови на групата носејќи ги младите на грбот Се разликува од другите мармазети по начинот на исхрана , мармазетот копа дупки на кората на дрвјата и ја шмука смолата која. е дел од неговата исхрана. Има долг животен век за така мал цицач и живее до 12 години.

Мармазет – џуџест

(Callithrix pygmaea)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Callitrichidae
Genus: Callitrix
Должина: 12 – 15 цм
Опаш: 17 – 23 цм
Тежина: 100 – 125 гр
Распространестост: Ј. Америка
Живеалиште: тропски шуми
Исхрана: нектар од плодови, инсекти
Статус: нискоризичен

Живее во групи од 2 – 8 единки. Се движи четвороношки по земја и на дрвја (квадрипедија) Името го добил по кусиот опаш кој секогаш е кренат и наликува многу на свински опаш. Ги населува непристапните дождовни шуми на Бангладеш, Камбоџа, Кина, Индонезија, Малезија, Тајланд, Виетнам и Индија. Постојат два подвида: јужен и северен макаки со свински опаш кои се разликуваат по бојата на крзното.

Свинско-опашест Макаки

(Macaca nemestrina)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Cercopithecidae
Genus: Macaca
Должина: 45 – 78 цм
Тежина: 5 – 14 кг
Распространестост: Јужна и Источна Азија
Живеалиште: дождовни шуми
Исхрана: овошје, семе, лисја, без’рбетници
Статус: чувствителен

Шимпанзата се човеколики мајмуни со виско развиена интелегенција и се претпоставува дека се предци на човекот. Живеат во големи групи од 15 до 120 единки. Активни се преку ден но на пладне обично одмараат и пред крајот на денот градат засолништа од гранки и листови во кои ја минуваат ноќта. Помеѓу себе комуницираат со најразлични звуци и нивните крикови можат да се слушнат и до 30 км. Се хранат со повеќе од 80 видови растенија и плодови, понекогаш се хранат и со млади антилопи и бабуни и се канибалисти – се јадат меѓу себе. За да обезбедат храна користат примитивни орудија.
По бременоста од 202 до 261 денови женката раѓа едно малечко, кое во првите 5 месеци е прикрепено за стомакот на мајката и се грижи за него до 2 години. Шимпанзата стануваат полово зрели на 8 до 10 годишна возраст.

Шимпанзо

(Pan troglodytes)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Hominidae
Genus: Pan
Должина: 63 – 90 цм
Висина: 100 – 170 цм
Тежина: 30 – 60 кг
Распространестост: Африка
Живеалиште: тропски шуми
Исхрана: омнивори
Статус: загрозен

Овој вид мајмун Капуцинер или Капуцин е карактеристичен по златно жолтото крзно на градите, стомакот и надлактиците . Капуцинерите се примати со средна големина на телото и тркалезна глава, долга опашка која ја користат кога се качуваат по дрвјата. Капуцинерите се исклучиво социјални животни и живеат во групи од 10 до 30 единки мешано полови единки , многу се активни преку целиот ден во потрга по храна. Помеѓу себе комуницираат со различни гримаси на лицето и спаѓаат во многу паметни примати поради користење на предмети како орудие.
Женките раѓаат по едно младо на секои две години и младото цица од мајката до 6 месеци. Опстанокот на овој вид мајмун е критично загрозен поради неконтролираното сечење на шумите од страна на човекот. Во природата се останати уште неколку стотини мајмуни од овој вид .
Просечен животен век околу 40 години.

Капучинер жолто-граден

(Sapajus xanthosternos)

Class: Mamalia
Order: Primates
Fam: Cebidae
Genus: Sapajus
Должина: 35 – 48.8 цм
Опаш: 37 – 49 цм
Тежина: 3.5 – 4.8 кг
Распространестост: Ј. Америка
Живеалиште: тропски дождовни шуми – Бразил
Исхрана: омнивори
Статус: критично загрозен

Понито е мал коњ со специфични пропорции и темперамент. Дефиницијата за него е дека тоа е коњ со висина под 150cm.
Потекнува од вистинските диви коњи кој со времето бил припитомен за работа.
Споредено со обичниот коњ, понито има пропорционално пократки нозе како и погусти грива и опаш.
Има повеќе раси на пони коњи. Ги употребуваат за работа и рекреација (јавање).

Пони коњ

(Equus ferus caballus)

Class: Mamalia
Order: Perissodactyla
Fam: Equidae
Genus: Equus
Должина: 75 – 150 цм
Опаш: 80 – 120 цм
Тежина: 50 – 150 кг
Распространестост: С. Европа
Живеалиште: ливани, пасишта
Исхрана: трева, сено и жито
Статус: нормален

Коњот е голем копнен цицач кој се одликува со брзина сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Коњите имаат изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката.

Домашен коњ

(Equus caballus)

Class: Mamalia
Order: Perissodactyla
Fam: Equidae
Genus: Equus
Должина: 2.5 – 3 м
Тежина: 400 –600 кг
Распространестост: Франција, Шпанија, Америка и Австралија
Живеалиште: степски зони
Исхрана: тревесто-стеблести растенија
Статус: изумрен во природата

Двогрбата камила е загрозен вид во природата но човекот ја има припитомено и многу повеќе ја има како домашно животно во Источна Азија. Во дивината двогрбите камили живеат во заедници и се многу прилагодливи на температурните разлики , можат да издржат температурни разлики од – 29 степени целзиусови до + 38 степени целзиусови. За време на сушниот период двогрбата камила може да испие и до 110 литри вода за 10 мин. Мажјаците за време на парењето се борат меѓу себе и најсилниот мажјак добива 5 до 30 женки кои ги пари. Мајката најчесто раѓа 1 младо (поретко 2) а младото го носи до 406 дена , по раѓањето младото цица до 2 год. Женките стануваат полово зрели меѓу 3 и 5 год додека мажјаците 5 до 6 години возраст.

Двогрба камила

(Camelus dromedarius)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Camelidae
Genus: Camelus
Должина: 2.5 – 3.0 м
Опаш: 53 цм
Тежина: 450 – 690 кг
Распространестост: И. Азија
Живеалиште: пустини и полупустини
Исхрана: растителна
Статус: загрозен

Магарето е домашно животно од фамилијата Equdae. Дивиот потомок на домашното магаре е африканското диво магаре.
Има долга глава, долги уши и “кравји“опаш. Се огласува со карактеристично рикање кое може да се слушне на оддалеченост и до 3 km. Рикањето служи за меѓусебна комуникација.

Домашно магаре

(Equus assinus)

Class: Mamalia
Order: Perissodactyla
Fam: Equidae
Genus: Equus
Должина: 2 – 2.3 м
Тежина: 180 – 225 кг
Распространестост: Африка, Европа, Азија, Америка
Живеалиште: степи, полупустини
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Чапмановите зебри се социјални животни карактеристични по нивните шари кои кај секојај индивидуа се различни и за разлика од другите видови зебри пругите кои најчесто се црни можат да бидат и кафени и се простираат и под колената. .
Живеат во помали или поголеми групи и често мигрираат на огромни далечини во потрага по вода .
Мажјаците се борат за доминантност во стадото и секогаш прва се пари женката од највисок ранг . Мајката го носи малото околу 12 месеци . Животниот век на зебрите е околу 20 год.

Чапманова зебра

(Equus quagga chapmani)

Class: Mamalia
Order: Perissodactyla
Fam: Equidae
Genus: Equus
Должина: 2 – 2.4 м
Опаш: 0.9 – 1.1 м
Тежина: 270 – 360 кг
Распространестост: Африка
Живеалиште: ливади, савани
Исхрана: растителна
Статус: нормален

И покрај големината нилскиот коњ лесно плива и се движи под вода а уште побрз е на копно дури неспицифично за животно со толку голема тежина и масивност на телото . Има кожа со тенок надворешен слој кој е многу осетлив бидејќи брзо се суши па затоа нилските коњи почесто се во/под вода или се препокриени со слој од кал . Во кожата има жлезди кои лачат црвеникава течност која помага во влажнење н акожата и ја штитат од сонце и инфекции. Устата можат да ја отворат до 150 степени . Главна опасност му е човекот и другите нилски коњи.

Нилски коњ

(Hippopotamus amphibious)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Hippopotamidae
Genus: Hippopotamus
Должина: 2.7 – 3 м
Опаш: 55 – 57 цм
Тежина: 1.4 – 1.7 тон
Распространестост: Африка
Живеалиште: савани, мочуришта, реки
Исхрана: растителна
Статус: чувствителен

Името го добиле по карактеристичните рогови кај мажјаците кои наликуваат на дланка со рачиња налик на прсти . Вообичаена боја на крзното е кафена со бели дамки по телото но може да биде и светло кафена , црна или бела боја . Живеат во големи стада кои може да бројат и до 100 единки.
Често кај луѓето се познати како БАМБИ.

Елен лопатар

(Dama dama)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Cervidae
Genus: Dama
Должина: 1.3 – 1.9 м
Опаш: 14 – 25 цм
Тежина: 30 – 150 кг
Распространестост: Европа
Живеалиште: ливади, шуми
Исхрана: растителна
Статус: вообичаен

Има силни нозе и голема бушава грива на вратот и рамењата кој се спушта се до “колената“.
Роговите се странично сплескани, кои кај мажјаците се подолги и може да достигнат до 40 cm должина.
Живее во стада од 15 – 80 членови.
Постарите мажјаци живеат самечки живот.

Хималајски тар

(Hemitragus jemlahicus)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Hemitragus
Должина: 0.9 – 1.4 м
Опаш: 9 – 12 цм
Тежина: 50 – 100 кг
Распространестост: Ј. Азија
Живеалиште: планини, шуми
Исхрана: растителна
Статус: чувствителен

Имаат долг врат и долги нозе, а куса опашка.
Живеат во групи, хареми, составени од еден мажјак и неколку женки.
Поради волнестото крзно, месото и кожата, на Андите ги одгледуваат како домашни животни.

Лама

(Lama glama)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Camelidae
Genus: Lama
Должина: 0.9 – 2 м
Опаш: 24 цм
Тежина: 95 – 130 кг
Распространестост: Анди, Перу
Живеалиште: планини, шуми, ливади
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Аппаките се многу блиски според сите карактеристики (морфолошки и физиолошки ) со Ламите и сеуште не е докажано дали водат потекло од лама гуанако или лама викуња . Се разликуваат од ламите по големината и должната на крзнотѕо . Многу често Алпаките се искористени од страна на човекот како домашни животни поради крзното и месото .
Алпаките во природата живеаат во стада на Андите на голема над височина до 4 500 м и се прилагодени на ниски температури .
Мажјаците имаат свој харем од 5-10 женки . Женките младите ги носта помеѓу 242 и 345 дена и скоро секогаш раѓаат по едно младо кое тежи 8-9 кг и цица од мајката 6-8 месеци .
Алпаките во просек живеат околу 20 години.

Алпака

(Vicugna pacos)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Camelidae
Genus: Vicugna
Должина: 0.8 – 1.7 м
Опаш: 20 цм
Тежина: 55 – 65 кг
Распространестост: Ј. Америка
Живеалиште: планини, савани
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Берберската овца или аоудад или гривеста овца е единствена африканска дива овца . Поблиска е до фамилијата на козите и не е вистинска овца . Долгата грива на грлото , градите и горниот дел на предните нозе како и српестите рогови се поизразени кај мажјаците . Живее во стада со цели фамилии на надморска височина од 3 500 м.

Берберска овца

(Ammotragus lervia)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Ammotragus
Должина: 1.3 – 1.7 м
Опаш: 60 – 90 цм
Тежина: 40 – 145 кг
Распространестост: С. Африка
Живеалиште: планини, пустини
Исхрана: растителна
Статус: чувствителен

Домашна овца

(Ovis aries )

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Ovis
Должина: 1.1 – 1.5 м
Тежина: 22 – 55 кг
Распространестост: Европа, Америка, Азија, Австралија
Живеалиште: ливади, пасишта
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Коза Камерунска

(Capra hircus)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Capra
Должина: 1.2 – 1.6 м
Опаш: 15 цм
Тежина: 23 – 90 кг
Распространестост: Азија, Европа
Живеалиште: планини, ливади
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Џуџеста коза

(Capra hircus)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Capra
Должина: 40 – 60 цм
Опаш: 7 цм
Тежина: 23 – 40 кг
Распространестост: З. Африка
Живеалиште: планини, ливади, шуми
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Зебу говедо

(Bos indicus )

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Bos indicus
Должина: 1.6 – 1.8 м
Опаш: 50 цм
Тежина: 150 – 300 кг
Распространестост: Ј. Азија
Живеалиште: планини, ливади, шуми
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Амерички Бизон

(Bison bison)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Bison
Должина: 210 – 305 цм
Опаш: 30 – 60 цм
Тежина: 350 – 1000 кг
Распространестост: С. Америка
Живеалиште: планини, шуми, отворени станишта
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Европски Бизон

(Bison bonasus)

Class: Mamalia
Order: Artiodactyla
Fam: Bovidae
Genus: Bison
Должина: 210 – 340 цм
Опаш: 30 – 60 цм
Тежина: 350 – 950 кг
Распространестост: И. Европа
Живеалиште: шуми, отворени станишта
Исхрана: растителна
Статус: загрозен

Зајак

(Oryctolagus cuniculus)

Class: Mamalia
Order: Lagomorpha
Fam: Leporidae
Genus: Oryctolagus
Должина: 38 – 55 цм
Тежина: 1.3 – 2.5 кг
Распространестост: Ги има на сите континенти
Живеалиште: планини, ливади, шуми, полиња
Исхрана: растителна
Статус: нормален

Морско прасе

(Cavia porcellus)

Class: Mamalia
Order: Redentia
Fam: Cavidae
Genus: Cavia
Должина: 15 – 35 цм
Тежина: 400 – 500 гр
Распространестост: Ј. Америка
Живеалиште: планини, ливади, полиња
Исхрана: растителна
Статус: чест вид

Патагониска Мара

(Dolichotis patagonum)

Class: Mamalia
Order: Redentia
Fam: Cavidae
Genus: Dolihotis
Должина: 43 – 78 цм
Опаш: 2.5 цм
Тежина: 2 кг
Распространестост: Ј. Америка
Живеалиште: нискостеблести предели
Исхрана: растителна
Статус: ниско ризичен

Бодликаво прасе

(Hystrix cristata)

Class: Mamalia
Order: Redentia
Fam: Hystricidae
Genus: Hystrix
Должина: 65 – 85 цм
Тежина: 10 – 30 кг
Распространестост: Африка
Живеалиште: шуми, савани и полупустини
Исхрана: растителна и инсекти
Статус: ниско ризичен

Црвена или Европска Верверица

(Sciurus vulgaris)

Class: Mamalia
Order: Redentia
Fam: Sciuridae
Genus: Sciurus
Должина: 19 – 23 цм
Опаш: 15 – 23 цм
Тежина: 350 – 600 гр
Распространестост: Европа и С. Азија
Живеалиште: шуми
Исхрана: растителна, ретко инсекти и јајца
Статус: вообичаен

Црвеношиест валаби

(Macropus rufogriseus)

Class: Mamalia
Order: Diprotodontia
Fam: Macropodidae
Genus: Macropus
Должина: 92 – 100 цм
Опаш: 60 – 90 цм
Тежина: 13 – 18.5 кг
Распространестост: Ј. Австралија
Живеалиште: шуми
Исхрана: растителна
Статус: вообичаен

Африкански слон

(Loxodonta Africana)

Class: Mamalia
Order: Proboscidea
Fam: Elephantidea
Genus: Loxodonta
Должина: 4 – 5 м
Опаш: 1 – 1.5 м
Тежина: 4 – 7 тони
Распространестост: Африка
Живеалиште: савани, полупустини и шуми
Исхрана: растителна
Статус: загрозен

Индиски Слон

(Elaphas maximus)

Class: Mamalia
Order: Proboscidea
Fam: Elephantidea
Genus: Elephas
Должина: 550 – 640 цм
Опаш: 1 – 1.5 м
Тежина: 2 – 5 тони
Распространестост: Југоисточна и Ј. Азија
Живеалиште: шуми и планини
Исхрана: растителна
Статус: загрозен